1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган доаѓа во Германија

СН/ агенции
28 јули 2018

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган судејќи според сѐ на есен ќе допатува во официјална посета на Германија. Според протоколот ќе биде дочекан со највисоки државни и воени почести.

https://p.dw.com/p/32EhY
Angela Merkel und Recep Tayyip Erdogan
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/E. Contini

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најверојатно ќе ја посети Германија во септември, пишува германскиот весник „Билд“. Германската влада сѐ уште не ги потврди наводите на весникот и можната посета на турскиот претседател во Берлин. „Билд“ пишува дека германскиот претседател Франк- Валтер Штајнмаер го поканил Ердоган уште во април.

Турскиот претседател во изминатите неколку години повеќе пати ја посети Германија. Една од тие посети беше и онаа во Хамбург во 2017 година на самитот Г20. Ова беше негова прва официјална посета откако пред 4 години е избран за претседател на Турција. Германското министерство за надворешни работи на својата интернет страница соопшти дека државната посета е „истакната посета на еден претседател на држава на која и' се оддаваат сите протоколарни почести. Во тоа спаѓа и пречек со воени почести и државен банкет.

Türkei Frank-Walter Steinmeier und Recep Tayyip Erdogan in Ankara
Фотографија: picture-alliance/dpa/Turkish President Press Office

Протоколот, исто така, предвидува поставување венец на централниот споменик на жртвите од војната и тиранијата. Симпатизерите на Ердоган тоа би можеле да го протолкуваат како скриена критика на сметка на неговата политика. По правило во Германија годишно се организираат најмногу 4 такви посети.

Весникот „Билд“ цитира еден висок турски дипломат кој вели дека турскиот претседател на пригодната манифестација ќе одржи говор на своите сонародници.

Односите меѓу владите во Берлин и Анкара, поради односот на турската влада кон наводните пучисти и апсењата на Германци, се многу заегнати. За волја на вистината, дописникот на германскиот весник „Велт“, Дениз Јуџел во февруари е пуштен од турскиот затвор, а германското Министерство за надворешни работи по укинувањето на вонредната состојба во Турција го ублажи предупредувањето кое предходно го издаде за сите оние кои сакаат да патуваат во Турција. Меѓутоа, германската влада и натаму е загрижена поради состојбата во која се наоѓаат човековите права во Турција.