„Еден час за планетата Земја“
27 март 2010На почетокот на светската акција за заштита на климата „Еден час за планетата Земја“, операта и пристаништето во Сиднеј ги изгаснаа светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути по локално време. Во акцијата учествуваа и милиони австралиски домаќинства.
Најголемата маѓународна организацијата за заштита на животната средина „WWF“ е иницијатор на акцијата во која покрај Сиднеј учествуваат повеќе илјади градови во преку 120 земји во светот. Од балканскиот регион учествуваат сите земји, освен Македонија. Во знак за заштита на планетата светлата ќе се згаснат и на стотина светски градби од Ајфеловата кула, преку готската катедрала во Келн па се‘ до Забранетиот град во Пекинг.
„Еден час за планената Земја“ е симболична протестна акција за заштита на климата, која за првпат беше спроведена во 2007 година. Заштитниците на животната средина со неа годинава сакаат да потсетат на пропаднаниот климатски самит пред три месеци во Копехаген.
Автор: АТ/СН/афп/макфакс
Редактор: Симе Недевски