Европа безбедно место за живеење
3 јануари 2007Во текот на претседателството со ЕУ Германија сака Европа во вистинска смисла на зборот да биде слободно и безбедно место за живеење.Замисла која е предизвик ако се имаат предвид заканите на новото време. Затоа и обврските кои ги презема Германија, можеби не се ексклузивен новитет, но идејата е започнатото да се дореализира и операционализира. Станува збор за лепеза активности за кои, ќе се разговара и на неформаланата средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ закажана за средината од месецов во Дрезден.
“Покрај борбата против меѓународниот тероризам и организираниот криминал, секако дека ќе се занимаваме и со управувањето односно регулирањето на доселувањето и интеграцијата, како и со интеркултурниот дијалог” ги изнесе министеротн Шојбле точките кои во доменот на внатрешните работи ќе бидат на агендата во текот на наредните 6 месеци.
“Сакаме да ја засилиме и оперативноста и ефикасноста на ЕУРОПОЛ. Генерално сакаме да ја подобриме заедничката соработка и оперативната работа на полицијата во борбата против тероризмот” - изјави министерот Шојбле подвлекувајќи дека во оваа смисла е неопходно некои веќе донесени документи за заеднички ангажман на ниво на ЕУ, конечно да се операционализираат. Неопходно според него во оваа насока ќе биде и формирање на т.н. информатички сојуз каде ќе се слеваат и од каде ќе може да се корстат сите неопходни информации кои се значајни за безбедноста. Германија ќе биде многу сконцентрирана и на интегрирањето на шенген информативниот систем. За него е значајна добрата соработка меѓу државите која треба значи и безбедни граници од копно, воздух и вода.
“Во блокот миграциски прашања ќе се направи обид за развивање на заеднички мерки кон трети земји - нелегалните миграциски коридори и државите од кои потекнуваат доселениците. Во оваа насока ќе следат повеќе анализи, а во визирот на ЕУ ќе бидат Африка и Земјите од Средоземното море.