ДУИ протестира денеска во Скопје
28 септември 2007Припадниците на Демократската Унија за интеграција денеска одржуваат мирен протестен митинг на плоштадот Скендербег во Скопје по серијата инциденти од изминативе денови во и надвор од собранието. Од партијата велат дека протестот е насочен против државното насилство кон граѓаните и пратениците, а посебно кон новинарите.
Здружението на новинари на Македонија пак денеска повика на информативен бојкот на активистите на ДУИ се додека ова партија официјално не се извини за нападот кој еден нејзин член го изврши врз новинарот на А1 телевизија Лирим дулови.
Од ДПА и ПДП, го повикаа албанското население во земјата да не учествува на протестот. Опозициската Либерално демократска партија пак денеска побара интерпелација на заменик министерот за внатрешни работи , Рефет Елмази кого го обвинуваат дека навредувал и провоцирал пратеник од опозицијата.