Договор за нафтовод на земји од поранешниот источен блок
11 октомври 2007Реклама
Пет поранешни земји од источниот блок договорија изградба на нафтовод со цел да ја намалат зависноста од Руско снабдување со енергија. Владите на Полска, Украина, Литванија, Грузија и Азербејџан и претставниците на неколку нафтени компании на средбата во Вилнус потпишаа договор за формирање на конзорциумот Сарматиа кој ќе го гради нафтоводот. Тој ќе ги поврзува каспиското и северното море.