Децентрализацијата во Македонија влегува во втората фаза
2 јули 2007Реклама
Во Македонија официјално почна втората фаза од процесот на децентрализација. Отсега општините самите ќе треба да се грижат за финасирањето, но проблем е тоа што голем дел од нив не се способни за такво нешто. Заедницата на локалните самоуправи во земјата вчера на средба со премиерот Никола Груевски му доставија предлози за измени на начините за финансирање. Како реагираат жителите и градоначалниците во западниот дел на земјата и што мислат експертните.