Дел Понте за соработката со Србија
18 јуни 2007Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте денеска ќе поднесе извештај пред Советот за безбедност на ОН во кој се очекува да навести подобрување на соработката со Србија,но и да инсистира на апсењето на обвинетите Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.
Вчерашното апсење на поранешниот српски полициски генерал Властимир Горѓевиќ и предавањето во Хашкиот трибунал според европретставникот Хавиер Солана е одличен чекор кон полна соработка на Србија и повплна вест за односите на Белград со ЕУ.Апсењето на Горѓевиќ го поздравија и генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис и претседателот на Парламентарното собрание Рене ван дер Линден.
Ѓорѓевиќ се смета за одговорен за протерувањето на илјадници Албанци од Косово од крајот на 90-тите години.