Г8: Позитивни оцени од Меркел, критики од хуманитарци и екологисти
9 јуни 2007Реклама
Германскиот канцелар Ангела Меркел извлече позитивен биланс на самитот на Г8 во Хајлигендам. Постигнати се далекусежни заклучоци, оцени таа и укажа посебно на спогодбите за заштита на климата и ветувањата помош за Африка во износ од 60 милијарди долари за борба против тешки болести.
Хуманитарни организации, еколошки поборници и опозициони политичари од Германија искажаа остра критика на договореното во Хајлигендам. Самитот не донесе ништо повеќе од “незадолжителни изјави за намерите” како во однос на политиката спрема Африка, исто така и во врска со заштитата на климата, нагласуваат критичарите на самитот.