Груевски во Чешка
29 април 2007Реклама
Македонска делегација на чело со премиерот Никола Груевски денеска патува во дводневна посета на Чешка. Груевски треба да се сретне со неговиот чешки колега Мирек Тополанек, со претседателот на сенатот Премисл Соботка, како и со претседателот на претставничкиот дом Милослав В’лчек. Груевски ќе има средба и со македонските студенти во оваа земја.