Груевски во Приштина
17 мај 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски престојува во официјална посета на Приштина. Демаркацијата на границата во делот кон Косово и проблемот околу извозот на нафта од Македонија, се темите на кои Груевски разговарал со шефот на косовската влада Агим Чеку. Македонскиот премиер според најавите ќе разговара со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, премиерот Агим Чеку, по што треба да се сретне и со шефот на УНМИК во покраината Јоахим Рикер.