Германски железници нуди посебен тарифен договор за машиновозачите
24 ноември 2007Реклама
Германски железници му понудија на синдикатот на машиновозачите единствен тарифен договор. Во понудата на концернот, според медиумски извештаи стои и зголемување на платите за 13%. Синдикатот ќе ја разгледува понудата во понеделник. Машиновозачите во Германија неколкупати штрајкуваа барајќи 30% поголеми плати и посебен тарифен договор.