Германските турситички агенции ги сторнираа аранжамните за Азија
27 декември 2004Реклама
Германските туристички агенции по земјотресот ги сторнираа патувањата во Азија. Туристите кои што се во регионите зафатени со катастрофата ќе се вратат во Германија. Сеуште не е јасно дали има Германци меѓу жртвите до земјотресот и поплавите. Во регионот во моментов има околу осум илјади Германци. Министерството за надворешнир аботи во Берлин формираше кризен штаб, а за роднините на германските туристи е воведена и посебна телефонска линија, која од странство може да се добие на бројот 00 49 30 5000 – 1000.