Германките ја одбранија европската титула
29 јули 2013Реклама
Женската фудбалска репрезентација на Германија ја одбрани титулата европски првак, откако вчера во финалето на Европското првенство што се играше во Стокхолм ја победи Норвешка со 1:0. Стрелец на голот вреден шампионски трофеј беше Ања Митаг во 49.минута.
Репрезентацијата на Норвешка имаше две шанси – два пенала, но голманката на Германија Надин Ангерер ги одбрани ударите на Трине Ронинг (27.минута) и на Солвеиг Гулбрансен (60.минута). За Германија ова беше осма титула европски шампион, Норвешка има две титули, а Шведска една.