1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија продолжува да инвестира во Македонија

Горан Петрески9 ноември 2006

Германија и во наредните две години ќе продолжи да го помага развојот на демократијата во Македонија, да ја поддржува евроинтеграцијата на земјата и да ја стимулира економијата.

https://p.dw.com/p/AeKI
Во Македонија се потребни рамковни услови
Во Македонија се потребни рамковни условиФотографија: DW

Во Скопје почнаа констултациите за германската финансиска и техничка помош за Македонија во 2007 и 2008 година.

Проектите допрва ќе се утврдуваат а сумите ќе се прецизираат но не се очекуваат поголеми отстапки од помошта во 2005 и 2006 година вели Ирене Дебан од сојузното министерство за економија и развој на Германија. „Единствено што сега со најголема внимателност би можела да го кажам е дека најверојатно ќе се движи во рамките на помошта од претходните години. Рамката за наредните две ќе се конкретизира во март“.

Од осамостојувањето на Македонија досега, Германија инестирала повеќе од 150 милиони евра. Парите се искористени за голем број проекти од повеќе области. Водоснабдување, отпадни води и животна средина, децентрализација, кредитирање фирми, прилагодување на македонското кон европското законодавство.

15 годишната германско македонска развојна соработка ја следат и случувањата во трговијата. Освен најголем донатор, Германија е и најголем трговски партнер на Македонија со годишни размена од околу 500 милиони евра. Но слаби се резултатите во однос на германксите директни инвестиции. Компаниите од Германија сеуште се плашат или не наоѓаат интерес да инвестираат во Македонија.

Дирк Томсен, шеф на регионалната група за Југоисточна Европа од Германското друштво за техничка соработка, ја критикува бизнис климата во Македонија. „Македонија сеуште ги нема потребните економски рамковни услови а со тоа и безбедноста за германските инвеститори да дојдат и да инвестираат во земјата. Освен тоа македонскиот пазар е релативно мал. Недостига сигурност во македонските законски одредби, а недоволно се познати и условите за инвестирање во земјата. Треба почесто да се организираат денови на македонското стопанство во Германија да им се претсават можносите за бизнис на германските компании“, вели Томсен регионалниот шеф на Ге Те Цет.

Следното македонско економско претсавување во Германија е предвидено за наредниот месец. Го најави германскиот заменик амбасадор во Скопје Елизабет Мулер. „Нашата амбасада е во разговори со министерот Самак, кој во текот на декември планира да направи посета на Германија и на тој начин да ја промовира и да ја рекламира Македонија“.