Германија ги стиска палците за Макс
15 мај 2004� овде гледаат можен победник.
Максимилијан Муцке е годинашниот фаворит на Германија за изборот на песна на Евровизија, зад кого како продуцент стои медиумското лице џин – Штефан Раб, еден од најголемите ентертејнери во земјата, музичар и продуцент. Макс е скромно момче од Шварцвалд, не сака гламур, се облекува сосема конвенционално и вообичаено, воопшто не е шминкер, но затоа има глас.
Песната ”Can‘t Wait Until Tonight" на Германија треба да и го донесе првото место. Така барем се надеваат матурантот Макс, продуцентот Раб и останатиот дел од 80-те милиони Германци. Сите ги стискаат палците за момчето кое конечно треба да го повтори успехот на пејачката Никол од 1982 година, која досега е единствената Германка што победила на Евровизија. ”Улогата на фаворит воопшт не ми се допаѓа” вели возбудениот Макс, кој сака да пее со затворени очи и вели дека нема да се откаже од својот имиџ на облекување, чиј составен дел, инаку, постојано се или ролки или маици, зависно од годишното време.
Макс е поддржан од телевизијата Прозибен, која вечерва организира забави на отворено во пет градови – Минхен, Шверин, Кобленц, Карлсруе и родниот град на Макс, Валдсхут-Тинген. Сите се надеваат дека од жиријата често ќе чујат – "Germany – twelve points".