Врховниот суд на САД го одби барањето на Ел Масри
10 октомври 2007Реклама
Американскиот врховен суд одби да го сослуша германецот со либанско потекло Кале Ел Масри, кој ја обвини тајната служба ЦИА за негово киднапирање во 2003 . Американската администрација го повика судот да го отфрли случајот заради национална безбедност. Ел Масри побара извинување и финансиска отштета од 75.000 долари. Тој тврдеше дека во 2003 година бил киднапиран од агенти на ЦИА во Македонија по што бил префрлен во затвор во Авганистан каде бил малтретиран.