Во Македонија се создава нов монопол во мобилната телефонија
16 мај 2008Единствен конкурент, во таков случај, ќе им биде третиот оператор – ВИП. Главниот извршен директор на оваа компанија, Никола Аљушев, вели: „Доколку последниот развој на глобално, односно регионално ниво, почне да влијае на македонскиот пазар на електронски комуникации, веруваме дека комисијата за заштита на конкуренцијата, професионално и во согласност со својата ориентираност за заштита на конкуренцијата, ќе преземе соодветни мерки да го заштити пазарот на мобилна телефонија, а пред се‘ корисниците од евентуално монополско однесување. “
Германците преку T-Mobile имаат повеќе од милион корисници. Грците, пак со Космофон држат повеќе од половина милион корисници, или заедно околу 90% од пазарот. Во законот за заштита на конкуренцијата стои дека е монопол доколку еден субјект има контрола на повеќе од 40% од клиентите или услугите, но за да се утврди монопол треба да се проверат дополнителни критериуми.