1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија задолжително средно образование

11 април 2007
https://p.dw.com/p/AgF5

Во Македонија од следната учебна година ќе се воведе задолжително средно образование. Македонското собрание ги донесе измените на законот со кои воведуваат нови мерки. За гласаа 60 пратеника, а опозицијата се воздржа од гласање. Со измените во законот за средно образование се предвидуваат и казнени, но и стимулативни мерки. Според законот, родителите кои нема да ги запишат децата во средно училиште ќе платат казна од 1000 евра, а за нередовност на децата е предвидена казна од 800 евра. Опозицијата критикуваше дека тие не се против задолжително средно образование, но дека владиниот проект е лошо осмислен, избрзан и неприменлив.