Вонредно собрание на МАНУ за енциклопедијата
6 октомври 2009Реклама
„Под притисок на јавноста не можеме да зборуваме за оставки. Сите прашања ќе ги отвориме на состанокот пред сите 48 академици што ќе се одржи идниот вторник“, изјави академик Старделов.
Тој посочи дека досега не поднесол оставка ни пред Претседателството, ниту пак пред другите инстанци на Академијата. Академик Ристески, пак, во куса изјава за медиумите рече дека никогаш не подлегнува на притисоци.
Автор: ЕМФ/миа
Редактор: Александра Трајковска