Висбаден-германско руски консултации за соработка
13 октомври 2007Во Висбаден денеска започнува седмиот т.н. Петерсбуршки дијалог за германско руската соработка. Тридневните советувања ќе ги раководат поранешниот руски претедател Михаел Горбачов и последниот претседател на Германската демократска република Лотар де Маициер.Во фокусот овој пат се односите на Русија и Европа.Планирани се дискусии и за енергетската сигурност и слободата на печатот.В понеделник на дијалогот, како негови покровители, ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин.Тие во Висбаден паралелно ќе водат владини консултации.Петерсбуршкиот дијалог беше востановен во 2001 година од рускиот претседател Путин и тогашниот герамански канцелар Герхард Шредер, заради зајакнување на цивилните врски меѓу двете земји.