По трагите на атентатот во Виена: Претреси во Германија
7 јули 2021Претресите се извршени во станови во германските градови Оснабрик и Касел. Косовецот Блинор С. и Германецот Дрилон Г., според Обвинителството во Касел, се осомничени дека не пријавиле планирано кривично дело.
Имено, двајцата мажи, како што се смета, знаеле за намерите на атентарот од Виена најдоцна од посетата кај него, во јули 2020 година. На денот на нападот, уште пред да почнат убиствата, тие почнале да ја бришат својата комуникација со атентаторот на своите мобилни телефон и на социјалните мрежи. Според Обвинителството, двајцата исто така имаат радикално исламистичка ориентација.
Повеќе:
Големи пропусти на властите пред терористичкиот напад во Виена
Како терористот од Виена Кујтим Ф. стана радикален исламист
Австрија бара податоци за петмина осомничени од Македонија и Косово
Радикален исламизам во Северна Македонија: „Алах е нашиот командант“
Косовецот и Германецот се најдоа во визирот на германските иследници веднаш по нападот во Виена. На 6 ноември беше извршен претрес кај вкупно четворица мажи на возраст помеѓу 19 и 25 одини за кои постоеше сомневање дека имале врски со атентаторот. Меѓутоа, во тоа време сите се водеа како сведоци. Истрагата се обидуваше да обезбеди докази за атентатот. Сега Обвинителството соопшти дека атентаторот кратко пред средбата во Виена купил автоматска пушка, на која потоа се најдени ДНК-траги на некои учесници на средбата. Нивни траги имало и на прстенот од Исламска држава кој атентаторот го носел за време на нападот.
Кујтим Ф., приврзаник на терористичката организација Исламска држава, на 2 ноември 2020 година, во Виена уби 4 лица и повреди повеќе од 20 луѓе, од кои дел тешко. Тој беше застрелан од страна на полицијата.