1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија – терор

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag90

Во Велика Британија е подигнато обвинение против шест лица поради сомневање дека подготвувале терористички напади. Лицата на возраст меѓу 21 и 35 години биле уапсени минатиот вторник во Лондон. Според една студија на американската влада, бројот на терористички напади во светот, во 2006 година се зголемил за 29%. Нападите пред се се случиле во Ирак и Авганистан. Во студијата што треба да биде објавена денеска се вели дека во светот минатата година биле извршени околу 14 илјади терористички напади, од кои половината во Ирак.