Буш ја завршува европската турнеја во Бугарија
11 јуни 2007Реклама
Американскиот претседал Џорџ Буш денеска е во посета на Бугарија со што ја завршува турнејата низ Европа. Во Софија е предвидено Буш да води разговори со претседателот на Бугарија Георги Парванов и премиерот Сергеј Станишев. Посетата се оценува и како американско признание за придонесот на Бугарија во воените области Ирак и Авганистан. Во рамките на Европската турнеја Буш ги посети и Чешка, Полска Италија и Албанија.