Буш стави потпис на законот за финасирање на странските мисии
26 мај 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш конечно го потпиша законот за финансирање на странските мисии во Авганистан и во Ирак. По неколкумесечни дискусии во Конгресот, на крај и двата дома го усвоија предлогот за издвојување 120 милијарди долари. И покрај првичните барања на демократите во законот да стои и временски план за повлекување на војниците од Ирак, на што Буш стави вето, конечнат верзија на законот не содржи такви одредби.