Букујанит: Офанзивата зависи од посетата на Ердогана на САД
27 октомври 2007Реклама
Дали Турција ќе спроведе офанзива против Курдите во Северен Ирак ќе реши по посетата на премиерот Реџеп Таип Ердоган кај американскиот претседтаел Џорџ Буш, изјави првиот човек на турскиот генералштаб Јашар Букујанит. Според турските медиуми посетата во САД закажана за 5 ноември е од големо значење. Во меѓувреме Турција побара од Ирак да преземе итни и конкретни мерки против бунтовниците на курдската ПКК кои оперираат во северниот дел на земјата.