Бронза за германските гимнастичари
7 септември 2007Реклама
Ова е прв медал за германската репрезентација по цели 16 години. „Вие сте супер. Ви благодариме за се. Вие не понесовте до целта„, извикуваше одушевено најдобриот во екипата Фабијан Хамбихен кон публиката и вети дека во поединечното финале на вратило в недела ќе даде се да стигне до златен медал:
„Атмосефарата беше одлична, фантастична. Не понесе да дадеме максимум. Воопшто не бев нервозен. Знаев дека сум во форма и сега, еве имам медал„.
Неговиот колега од репрезентацијата Филип Бој:
„Во вторникот се квалификувавме за олимпијадата во Пекинг. Тоа го потврдивме и денеска со медал што е супер. И пред се со ваква публика. Голема благодарностт за публиката. Едноставно речено о не понесе до медалот„.