Борбата за моќ продолжува
6 април 200710-ци илјади луѓе демонстрираа на улиците на Киев , во текот на вчерашниот ден , а како што изјавуваат некои од нив тие сакаат да останат во градот и за време на велигденските празници.
Во меѓувреме руската дума донесе резолуција со која го осуди распуштањето на украинскиот парламент од страна на претседателот Виктор Јушченко како против уставно . Изјават узвоена со огромно мнозинство ги повикува руските пратеници , западните влади и ОБСЕ да искажат солидарност со пратениците во украинскиот парламент и да заземат јасен став против неговото распуштање.
Претседателот на Комитетот на Думата за односи со земјите од Заедницата на независни држави по седницата појасни:
“Указот на претседателот на Украина , не само што ја дестабилизира ситуацијата , туку предизвикува и политичка криза . Уставот е против уставен . – истакна Андреј Кокошин.
Инаку од Украина се дознава дека уставниот суд ја земал на разгледување одлуката на претседателот Јушченко. Одлуката на Судот би можела да биде донесена веќе наредната недела- смета премиерот Јанукович , со што меѓутоа не се согласуваат голем број набљудувачи според кои борбата за политичка моќ во Украина ќе трае уште долго.