1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блиски исток - насилство

19 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2N

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас вложува интензивни напори за прекин на спиралата насилство како меѓу Израелците и Палестинците, така и меѓу ривалските палестински групи. Тој по телефон разговараше со лидерот на владеачкиот Хамаз Калед Машаал кој живее во егзил во Сирија, како и со египетскиот претесдател Хосни Мубарак. Цел на дипломатските напори е да се постигне трајно примирје по борбите меѓу Хамаз и Фатах, во кои само за изминативе пет дена загинаа 50-тина лица. Ситуацијата на палестинското население е влошена и поради воздушните напади на израелската армија.