1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Блер е можеби лош премиер, но е брилијантен партиски лидер“

Холгер Зенцел8 мај 2006

Британскиот премиер, Тони Блер е под огромен притисок – поразот на неговите лабуристи на комуналните избори, и безредијата во Басра по уривањето на британскиот хеликоптер за време на викендот – го ставија Блер во клешти. Револтот на лабуристите е толкав, што 50-тина членови на партијата ултимативно бараат тој конечно да каже – кога ќе ја напушти Даунинг стрит број 10.

https://p.dw.com/p/Ae1q
Тони Блер и Гордон Браун
Тони Блер и Гордон БраунФотографија: AP

Човекот што првпат во историјата на лабуристите им овозможи трипати едноподруго да бидат на власт, сега важи како фактор на ризик. Гордон Браун, првиот човек на британските финансии, кого сите го гледаат како наследник на Блер, за време на викендот го посети премиерот. Според аналитичарите, доколку Браун од Блер побара негова оставка, тогаш судбината на премиерот ќе биде запечатена. Но, Браун тоа не го прави. Тој нема интерес да преземе поделена Лабуристичка партија. “Мнозинството на лабуристите очекува стабилен и коректен премин.“

Бунтовниците во партијата бараат Блер да си замине уште летово:

“Премиерот, самиот, вети коректен премин. Во интерес на партијата и на земјата е тоа да се случи порано, а не подоцна.“

Дали Блер е навистина на крајот? Политичкиот новинар од “Гардијан“, Симон Џенкинс, вели: “Тој е можеби многу лош премиер, ное брилијантен партиски лидер. Досега загушил неколку вакви револти. Играта уште долго не е завршена. Тој нема да си замине без борба.“