Битка за четвртфиналето во Лигата на шампионите
6 март 2012Првите реванш-осминафинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони, на програмата се денеска и утре. По одигрувањето на овие средби ќе бидат познати и првите четири екипи кои ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.
Најблиску до пласман меѓу осумте најдобри е италијанскиот првак Милан кој на „Емирати“ во Лондон кај Арсенал, влегува со предност од 4 голови по првиот натпревар (4:0).
Многу понеизвесно се очекува да биде на вториот вечерашен натпревар во Лисабон, на кој Бенфика ќе ја „брка“ негативата од 2:3 во дуелот со Зенит.
Двата натпревара се играат од 20 часот и 45 минути, термин во кој утре своите реванш осминафинални дуели ќе ги одиграат Барселона - Бајер Леверкузен (3:1 на првиот натпревар) и АПОЕЛ - Олимпик Лион (0:1).
Преостанатите четири средби од оваа рунда на програмата се следната седмица.
Автор: БГ/миа
Редактор: Е.М.Фиданоска