1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бирмингем повторно слободен за движење

10 јули 2005

Во Лондон, три дена по терористичките напади, продолжува потрагата по телата на жртвите во подѕемната желеѕница. Центарот на вториот по големина бритаснки гард Бирмингем,. Пак од пред неколку часа повторно е слободен за движење, откако полицијата синоќа евакуираше повеќе од 20 илјади луѓе поради добиените разузнувачки информации ѕа можни ѕакани по беѕбедноста на градот.

https://p.dw.com/p/AcE1
Од евакуацијата во Бирмингем
Од евакуацијата во БирмингемФотографија: AP

Ниту еден од сомнителните пакети, поради кои делови од градот беа евакуирани, не бил од терористичка природа, иако, како што наведува локалната полиција, заканата била основана. Полицијата не прециѕираше за каква закана станува ѕбор, но додадоа оти таа повеќе не е актуелна.

,, Верувам дејка оваа закана беше доволна за да се даде наредба за евакуација. Важно е што низ безбедносните операции беше забележано дека пакетите се идентични на заканата.“ ја објасни претставникот на полицијата Пол Скот Ли евакуацијата на луѓето од големиот број кафулиња, ресторани и клубови во централниот дел на Бирмингем.

Во Лондон во меѓувреме, продолжува трагањето по телата на ѕагинатите во подѕемната желеѕница. Најмалку 30 лица се уште се водат како исчезнати во терористичките напади во Лондон од четвртокот додека стотици и натаму се опоравуваат од повредите. Акцијата во метрото се одвива споро поради високите температури и големото количество прашина во подѕемјите тунели каде што се случија екплозиите.

,, Знам дека на јавноста и иѕгледа дека потрагата се одвива споро, но така мора да биде бидејќи мора да ги откриеме сите докази што ќе послужат ѕа натамошната истрага„ посочи претствникот на Скотланд јард Џим Дики.

Во четвртокот, во четири атентати на терористите во подѕемната желеѕница и автобус, во бритаскиот главен град загинаа над 50 лица, но според зборивите на полицијата, бројот на загинатите најверојатно е поголем.