1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин се подготвува да ги отвори портите за ново издание на Берлинале

Силвера Падори30 јануари 2007

Германската престолнина полека се загрева за културниот настан на годината – меѓународниот филмски фестивал. Популарното Берлинале годинава по 57 пат ќе се оддржи во периодот од 8 до 18 фебруари.

https://p.dw.com/p/AeT1
Плакатот за овогодишното Берлинале
Плакатот за овогодишното БерлиналеФотографија: picture-alliance/dpa

„Знаевме дека се снима сторијата за Едит Пиаф и дека станува збор за голема продукција. Кога видов само дел, помислив дека би можел да биде голем филм за Берлиналето“. Сепак филмот нема да го отвори фестивалот, тоа место најверојатно е резервирано за друг филм. „Ла ви е Роз” или Живото во Розе е филмот кој според зборовите на диртекторот Дитер Кослик ќе го отвори годинашниото Берлинале.

Автор на филмот кој е во конкyренција за элатната мечка е Оливер Дахан кој 40 години по смртта на легендата на шансоната, сними филмот кој во Берлин ќе ја има и својата светска премиера.

26 филмови - 19 светски премиери

Во централната програма ќе бидат прикажани 26 филма. Мегу нив 19 светски премиери , а четири филма се надвор од конкуренцијата. „Годинава имавме трка со времето. Никогаш во историјата на Берлиналето немало поголемо интересирање. Пристигнаа над 5.000 филма” вели Кослик според кого во главната конкуренција и придруижните секции, панорама, форум, специјал, ретроспектива.

На црвениот тепих во Берлин ќе се прошетаат светски имиња

Главни теми кои се обработуваат во филмовитесe: војните, глобализацијата и загубата на културниот идентитет. Со оглед што Берлиналето е филмски фестивал кој е отворен за публиката, големо е интересирањето за гостите на црвениот тепих. Сметаме дека ќе ги имаме ѕвездите за секој филм... Ѕвездите се како дрога, Човек сака да ги има секој ден и се повеќе и повеќе..вели првиот човек на фестивалот. Во Берлин ќе стаса Антонио Бандерас кој со својот авторски филм се претставува во категоријата Панорама, а игра и во американската продукција на Грегори Нава „Бордертаун“.

И режисерот на „Писмата од Иво Џима” кој ќе се прикаже надвор од конкуренцијата - Клинт Иствуд ќе биде гостин на Берлиналето. И Роберт де Ниро кој е режисер на „Добриот овчар“ во кој игра и Мет Дејмон. И Анџелина Џоли најави дека ќе стапне на црвениот тепих, каде свое место ќе имаa и Џенифер Лопез и Ричард Гир. Мегу ѕвездите и филмовите нема македонски претставници.

Македонски претставници во кампусот за таленти

Двајца учесници од Скопје чии имиња ке бидат достапни на стартот на фестивалот, се пријавени во Кампусот на таленти. Таму, како најави директорот Кослик годинава ќе се работи, но и добро ќе се јади и пие, зашто една од темите за која младите филмаџии ќе треба да ја манифестираат своја креативност е токму - храната.