Без согласност за предлог-резолуцијата за Иран
22 март 2007Реклама
Во Советот за безбедност на ОН се уште не постои согласност околу новата резолуција за спорната атомска програма на Иран . За време на синоќешните консултации претставниците на 15-те земји членки не постигнале консензус околу предлогот што го претставија петте постојани членки на Советот и Германија .
Јужна Африка , Катар и Индонезија предложија амндмани кои би требало да ги ублажат санкциите предвидени во нацрт резолуцијата . Инаку оваа нова резолуција предвидува заострени санкции , бидејќи Иран одбива да го исполни барањето на меѓународната заедница и да се откаже од збогатувањето ураниум. Врховниот лидер на Иран , Ајатолахот Али Хамнеи во меѓувреме потврди дека одбива да попушти во атомскиот спор.