Безбедност за време на Г8
11 мај 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер се заложи за разбирање на самитот на Г8 во Хајлигендам во јуни. Ова е трет самит на кој Африка ќе биде една од централните точки, смета Штајнмаер, и изрази жалење поради потребата од преземање на големи мерки за бебзедноста.
Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле пак вчера ја оправда неодамнешната рација во сцента на левите автономи и истакна дека се можни и привремени апсења за лицата кои имаат насилен потеницијал.