Бајден во Белград: сочуство и танц на Скадарлија
17 август 2016Реклама
Американскиот потпретседател Бајден на прес-конференцијата со српскиот премиер Александар Вучиќ изрази сочуство за жртвите во НАТО кампањата врз Србија во 1999 година. Бајден е во мини-балканска турнеја во рамките на која денеска ќе го посети и Косово.
Во Белград, Бајден стигна и да прошета низ градот и да одигра еден танц во популарната Скадарлија.
Во исто време, во градот протести одржуваа приврзаниците на радикалот Воислав Шешељ кои притоа му изразија поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.