1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барадеи со критика до САД

26 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BY0W

Директорот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи ја критикуваше одлуката на САД да им помогне во снабдувањето со оружје на своите сојузници на Блискиот Исток. Ел Барадеи реагира на понудата на Вашингтон во наредните 10 години да му позајми на Израел 30 милијарди долари за набавка на воена оперема. САД му понудиле воена опрема и на другиот важен сојузник, Саудиска Арабија. Целта на ваквиот чекор е да се создаде во регионот противтежа на Иран. „Фрлање уште пари на вооружување нема да помогне во решавањето на кризата“, изјави Ел Барадеи.