1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканот е премногу мал за нечии соништа за големи држави

Нада Штајнман16 февруари 2007

Интервју со министерот за надворешни работи на Македонија,Антонио Милошоски за Радио Дојче Веле кое го води Нада Штајнман

https://p.dw.com/p/AbzB
Милошоски и интендантот на Дојче Веле Ерик Бетерман
Милошоски и интендантот на Дојче Веле Ерик БетерманФотографија: DW
-Господине Милошоски,во моментов веројатно е најважно прашањето за планот на Ахтисари за Косово,Вие патувате низ Европа и сите Ве прашуваат за тоа,затоа и моето прво прашање е тоа.Вие го прифативте,македонската влада го означи планот како прифатлив,иако соседите стравуваат,пред се Грција и Романија стравуваат од можни последици за Македонија.Дали Вие навистина верувате во успешноста на планот на Ахтисари? "Ние го поддржавме планот на господин Ахтисари,не го прифативме,бидејќи ние не сме ни замолени да прифаќаме или да одбиваме,но сме прашани дали ја даваме својата поддршка.Ние од самиот почеток изјавивме дека господинот Ахтисари ја има нашата поддршка,како човек на кој му е даден мандатот од ОН и сметаме дека овој план не е совршен,но подобар во моментов нема,ниту пак одолговлекувањето на прашањето би можело да создаде услови кои би довеле до идеално решение.Идеално решение никогаш нема да има,во политиката се повеќе се е сведено на реални и можни решенија и сметаме дека овој план нуди реална можност за долгорочно решение во кое Косово ќе биде под меѓународен мониторинг и во тој процес успешно и под надзор ќе ги гради демократските институции, кои ќе гарантираат стабилност и демократија во регионот.На Македонија она што и е потребно во регионот е скоро решавање на овој проблем, бидејќи нерешавањето на проблемот создава дополнителни тензии." -Последниве денови на Косово имаше и безредија,исто така и во Македонија се чувствува сеуште незадоволство кај албанската популација ,независно од спроведувањето на Охридскиот договор,така што Грците можеби донекаде и со право изразуваат незадоволство од планот на Ахтисари,односно стравувања дека би можело со сегашниве решенија за некаква независност,за ограничена независност на Косово,да се отвори патот можеби за одделување на западниот дел од Македонија.Дали таквите стравувања на Грција и на другите соседи,и на Србија,се наеобразложени? "Мислам дека ние сме свесни дека постои политички ризик,дека постојат затегнатости,кои се препознатливи особено на Косово,но нашата убеденост е дека одолговлекувањето односно нерешениот статус на Косово само ќе ги зголемува тие ризици.Од друга страна ако споредиме со 15 години наназад,Европа никогаш не била пообединета отколку денес,а Балканот никогаш не бил подемократски отколку што тоа е случај денес.Сите балкански држави,нивните влади и политички елити имаат една заедничка насока,тоа е интегрирање во НАТО и во ЕУ и тоа е најголема гаранција. Зашто ние треба да веруваме дека силата на демократијата и обединувањето на Балканот со Европа е поголема,капацитетот е поголем од силата на оние сеуште постоечки мали групи на екстремисти, кои мислат и сонуваат за разединување.Балканот е премногу мал за да може да задоволи нечии соништа за големи држави и затоа сметам дека во соработка со другите соседи, овој план на господин Ахтисари да го прифатиме на тој начин, што уште еднаш ќе биде потврдено дека националните решенија не се територијални,туку се решенија со воспоставување европски стандарди.Ако на Косово се воспостават европски стандарди,онака како што се воспоставени во Македонија и во регионот,мислам дека тоа ќе биде решение добро за сите." -И Вашата млада влада,со многу млади експерти,секако си го зацрта планот кон ЕУ и НАТО,меѓутоа токму во последниве недели доаѓаат политичари од ЕУ и имаат забелешки дека процесот на реформи не тече доволно бргу,дека во Македонија не функционира политичкиот дијалог.Што мислите Вие,дали се тоа забелешки кои не држат и дали политичкиот дијалог профункционира? "Во однос на забелешките,ние ги примаме како добронамерни пораки и сметам дека за среќа секоја реформа,секој ангажман во Македонија се мерливи категории.Така што човек може, ако сака вистински да ја согледа работата,да ги измери сите реформски чекори кои се направени и преземени досега.Мислам дека реформите во Македонија течат.Од друга страна,очекувањата од нашите пријатели во ЕУ се поголеми, бидејќи Македонија има статус на земја кандидат.Во секој случај беше очигледно дека изгубивме извесно време за време на изборната кампања,и по изборите до формирањето на владата и тоа е нешто ,една шанса која ја пропуштивме за поконкретни активности,но во моментов сме многу посветени на реформите и мислам дека Македонија има сила да се обедини околу европските реформи и да постигне видливи резултати.Во однос на политичкиот дијалог,Македонија има лагитимно и легално избран Парламент,легитимно и легално избрана демократска влада,коалициона,во која учествуваат повеќе партии,мислам дека политичкиот дијалог треба да си го има своето место во институциите на системот,а оаобено во Парламентот.не треба да претеруваме со очекувања дека политичките одлуки и главните реформски одлуки ќе се носат надвор од Парламент и само од политичките лидери,бидејќи тоа ги изместува врендостите на демократскиот систем,затоа на моменти мислам дека опозицијата свесно сака да ја смени прецепцијата на постоење или непостоење политички дијалог.Нашата убеденост е дека ние сепак демонстрираме демократска зрелост, во која секој политички актер ја игра онаа улога која ја добил на изборите.Во овој момент граѓаните на изборите одлучиле да ја дадат својата политичка поддршка на оваа коалициона влада и ние сметаме дека имаме обврска да одиме напред со реформите кои сме ги ветиле пред избирачите,а обврска на опозицијата секако е во институциите на системот да бидат наш надзор и позитивно да не критикуваат." -Соседите Грција и Бугарија го условуваат патот на Македонија кон ЕУ, односно нивната поддршка на тој пат со задршки дека во прашањата за јазикот,во прашањата за симболите Македонија треба да им излезе во пресрет, инаку тие ќе преземат мерки со кои ќе го отежнат патот.Што се случува сега со прашањето со името и како стоите со Бугарија во моментов? "Мислам дека политичките односи,односите помеѓу државниците на ниво на претседатели на држави,на премиери и министри за надворешни работи,во тој домен исто можам да говорам,се многу интензивни и коректни.Она што не радува е фактот дека сите наши соседи,особено Бугарија и Грција се свесни дека успехот,интеграцијата и стабилноста на Македонија се исто и нивен национален интерес.Во тие рамки чувствуваме дека секој наш сосед би бил задоволен доколку Македонија побргу се интегрира во НАТО и во ЕУ.Во исто време она што е сеуште како политички отворен спор и кое нормално треба да се разгледува со сета сериозност,е прашањето за името со Грција,за кое дискутираме во рамките на ОН и ние јасно изјавуваме:ние сме подготвени како држава за билатерален компромис со грчката влада во однос на оваа тема бидејќи Македонија ја имаат признаено 114 држави под уставното име,единствената разлика постои на релација помеѓу Скопје и Атина,таа билатерална релација, односно тој билатерален спор треба да се најде начин да се реши на билатерално ниво." -Господине Милошоски,денеска Вие се сретнавте со интендантот на Дојче Веле,Ерик бетерман и разговаравте меѓу останатото и за соработката меѓу Германија и Македонија во областа на радиото.За што разговаравте? "Тоа беше една добра прилика да се поразговара за ;интересот на Дојче Веле за поголема присутност во македонскиот медиумски простор,за што ние сме навистина расположени,бидејќи Дојче Веле е една угледна медиумска куќа која ќе даде два многу големи продонеси за македонскиот медиумски простор ,доколку дојдеме до заеднички договор,првото е што ќе придонесе за понатамошно подигнување на нивото на медиумски анализи и истражувања,вотро затоа што ќе биде уште еден канал преку кој во Македонија ќе се носат нови,свежи вести не само од Германија туку и од ЕУ бидејќи Германија е една од земјите која игра најважна улога во рамките на ЕУ.Затоа сме расположени на Дојче Веле како медиумска куќа да им излеземе во пресрет,да утврдиме детали,да најдеме заеднички јазик за нивна присутност и ќе ни биде задоволство доколку наскоро успееме во тоа."