Американската армија го уапсила одговорниот за убиството на Риша
17 септември 2007Реклама
Американската армија, според сопствени наоди го уапсила наводниот организатор на убиствениот напад врз сунитскиот поглавар на клан Шеих Абдул Сатар Абу Риша. Абу Риша беше убиен во четвртокот при експлозија на бомба во близина на неговата куќа во Рамади, тој важеше за еден од најважните сунитски сојузници на САД.