Ал Каеда - шеф за Ирак
1 мај 2007Реклама
Ирачката влада реагира воздржано на шпекулациите за наводната смрт на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда за Ирак. Според информации на тајните служби Ајуб ал Масри настрадал во интерни битки меѓу екстремистите. И портпарол на американските сили во Ирак изјави дека информациите се‘ уште се проверуваат. Ал Масри ја презеде челната функција во огранокот на Ал Каеда во јуни 2006-та откако при американски воздушен напад загина Абу Мусав ел Заркави.