s
8 април 2013Ромите се народ кој живее расфрлен главно низ Европа и Азија, без сопствена држава. Во светот живеат вкупно околу 12 милиони Роми. Најчесто тие се наоѓаат на маргините на општествата, со изразито висока стапка на невработеност и низок степен на образование. Во 1995 година Советот на Европа го прифати користењето на терминот „Роми“ во своите официјални документи. Во Европа постојат повеќе иницијативи и напори за подобрување на положбата на ромското население. Ромите во Македонија се уставно признати како конститутивен народ, имаат политички партии, медиуми на ромски јазик, а Шуто Оризари е единствен пример во Европа каде Ромите се мнозинство во општината.
Дојче веле редовно се навраќа на положбата и проблемите на Ромите, регистрирајќи ги појавите, жигосувајќи ги негативните трендови и истакнувајќи ги позитивните примери.