1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помпео првпат на средба на НАТО

СН /дпа,афп,ртр
27 април 2018

Кусо по положувањето заклетва на функцијата, новиот министер за надворешни работи на САД отпатува за Брисел на средба со своите ресорни колеги од земјите членки на НАТО.

https://p.dw.com/p/2wmFT
USA CIA-Direktor Mike Pompeo
Фотографија: Getty Images/M. Wilson

Новот американски државен секретар Мајк Помпео ќе присутвува денеска на состанокот на шефовите на дипломатии на членките на Алијансата само неколку часа откако положи заклетва.

Помпео ќе се сретне со шефовите на дипломатија на НАТО во Брисел во рамки на подготовките за самитот на шефовите на држави или на влади во јуни

„Веднаш дојдов. Вчера положив заклетва и скокнав во авион“, му рече државниот секретар на САД на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по пристигнувањето во Брисел.

Повеќе:

-Мајк Помпео до петок стапува на функцијата?

-Трамп не трпи веќе противречење во Белата куќа

Тој додаде дека постои добра причина за толку брза посета, наведувајќи оти денешниот состанок е важен за САД.

Столтенберг изјави дека посетата на новиот американски државен секретар, само неколку часа по положувањето на заклетвата, укажува на важноста на овој сојуз.

„Мораме да го подготвиме НАТО за попредизвикувачко безбедносно опкружување“, рече Столтенберг и додаде оти многу се радува на разговорот со Помпео.

Belgien NATO - Stoltenberg zu den Militärschlag auf Syrien
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Високи американски официјални лица наведуваат дека Помпео сака да ја осигура „обединетата позиција“ кон Русија, но и да влијае врз останатите членки на НАТО, особено врз Германија, до 2024 година да ги исполнат обврските и да издвојат 2 насто од годишниот Бруто-општествен прозвод за одбрана. Договор за повисоко издвојување за одбрана е постигнат во 2014 година, но засега го исполнуваат само 6 од 28 земји. Девет земји претставија реалистичен план како ќе ја достигнаат таа сума до 2024 година, додека останатите членки, вклучувајќи ја и Германија не го сторија тоа.

Сенатот на САД вчера го избра поранешниот шеф на разузнувачката служба ЦИА, Мајк Помпео, за нов американски државен секретар. За гласаа 57 сенатори, а против 42. Помпео потоа положи заклетва. Претседателот на САД, Доналд Трамп го поздрави изборот на Помпео кого го нарече „патриот“.