1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помпео до петок стапува на функцијата?

СН/ агенции
24 април 2018

Исходот од гласањето беше исклучително тесен. Комитетот за надворешни работи на Сенатот сепак се изјасни за назначување на шефот на ЦИА, за министер за надворешни работи на САД. Сега уште треба да гласа Сенатот.

https://p.dw.com/p/2wYDi
CIA Direktor Mike Pompeo
Фотографија: Reuters/L. Millis

Гласањето се очекуваше со нетрпение, зашто до неодамна се навестуваше значителен отпор против кандидатот на претседателот Доналд Трамп. Номинацијата може во четврток да биде потврдена во Сенатот, така што Помпео веќе в петок би можел во неговата нова функција да учествува на средбата на високо рамниште на НАТО.

Надворешно-политичкиот комитет во Сенатот на САД синоќа ја поддржа номинацијата за Мајк Помпео за државен секретар на САД.

Повеќе:

-Трамп не трпи веќе противречење во Белата куќа

-Тилерсон повеќе не е прв дипломат на САД

По вчерашното гласање, на кое сите 11 републикански членови на комитетот гласаа за Помпео а сите 8 членови од Демократската партија против него, сегашниот шеф на ЦИА и изборот за претседателот на САД Доналд Трамп, е на речиси сигурен пат да го преземе раководството со американската дипломатија.

Washington Capitol Senat Kongress
Фотографија: picture-alliance/CNP/A. Edelma

До вчера, меѓутоа, работите не изгледаа добро за Помпео, на демократите во комитетот кои беа против неговиот избор, им се беше придружил и републиканецот Ренд Пол.

Пол, сепак, се предомисли и одлучи да го поддржи шефот на ЦИА откако го убедија да запре со замерките врзани за некогашните ставови на Помпео за војната во Ирак и за програмата на надзор која ја спроведуваше ЦИА. „Го променив ставот. Тој ме уверуваше дека ја научил лекцијата. Времето ќе покаже дали е искрен или не“, рече Пол.