1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ФИРОМ се враќа во американскиот Конгрес

„Да се услови целата помош од САД за Поранешната Југословенска Република Македонија со подготвеноста на ФИРОМ да се ангажира во разговори со Грција, кои ќе имаат смисла, а во согласност со резолуцијата 817 на ОН.“

default

Промената на текстот, во делот за Македонија, била направена пред состанокот на Комитетот за надворешни работи

Ова стои во документот за одобрување средства за Стејт департментот за фискалната 2012 година.

Со предлогот за условување на помошта во документот на Конгресот се врати и привременото име на Македонија, иако САД го признаа уставното име во 2004 година.

Во документот, кој се разгледуваше вчера во Комитетот за надворешни работи на Конгресот, се вели дека Грција демонстрирала огромна добра волја со тоа што се согласила дека „Македонија“ може да биде вклучена во идното име на Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ), се додека тој термин се комбинира со географска одредница, која ќе разјасни дека нема териотријали аспирации од страна на ФИРОМ во однос на историските врски на грчката провинција Македонија.

Користењето на референцата во американскиот Конгрес се случува само неколку дена по острите пораки на американската државна секретарка Хилари Клинтон до властите во Скопје. Клинтон од Атина отворено порача дека без решение на спорот за името, не ја гледа Македонија ни во НАТО, ниту во ЕУ. Притоа таа потенцираше дека одговорноста за решавање на спорот е кај властите во Скопје.

NO FLASH Capitol Washington D.C. USA

Дијаспората не очекува менување на американската политика за името

На таа линија, во документот поднесен до Конгресот, уште се обвинува дека „ФИРОМ продолжува да ги крши одредбите од Времената спогодба од ОН, преку организирање провокативни собири, реториката или пропагандата, а преговорите водени од ОН не ги постигнаа долготрајните цели на САД и ОН за наоѓање на заемно прифатливо ново официјално име на ФИРОМ“.

На државната секретарка Хилари Клинтон и се укажува дека не смее да користи средства за програми и активности кои директно или индиректно промовираат провокативни собири, реторика или пропаганда од државните агенции контролирани од ФИРОМ или да охрабрува акти на приватни ентитети, кои би предизвикале насилство, омраза или непријателство, вклучувајќи и поддршка за печатење и издавање на книги, мапи и наставни помагала, кои може да вклучуваат несоодветни оформувања на историите и географиите на Грција и ФИРОМ.

Дијаспората не очекува менување на официјалната политика за името

Од Обединетата македонска дијаспора велат дека во документот се вметнати овие делови ноќта или утрото пред неговото разгледување. Претседателот Мето Колоски за Дојче веле забележува дека „демократите во Конгресот нема да го изгласаат овој текст“. Во случај ако претставничкиот дом не го изгласа текстот за средствата за Стејт департментот, тогаш Сенатот ќе напише свој. Колоски вели дека „не се знае дали и во тој текст ќе биде вметната Македонија, бидејќи може да се случи, како во Конгресот, некој сенатор близок до грчкото лоби во последен момент да вметне неповолен текст за Македонија“. Од организацијата на дијаспората сметаат дека обидот на грчкото лоби за изгласување на ваков текст не значи и менување на надворешната политика на САД.

„Време е конечно двете страни да се погрижат за решение“

Македонија не се противи на зголемениот американски интерес за разговорите за името


Македонија нема ништо против зголемување на интересот на САД за македонско-грчките разговори, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, кој до изборот на новата Влада е и министер за надворешни работи. Милошоски ја коментираше изјавата на Клинон по нејзината посета на Атина.

„Вложуваме контруктивни сериозни напори за да овозможиме што повисока политичка комуникација и поголема заемна доверба помеѓу Македонија и Грција. Очекуваме во иднина таквите напори да продолжат и истовремено да ја добијат и поддршката на ОН, како една веќе воспоставена рамка на соработка и во секој случај очекуваме од официјална Атина и во овие тешки економски моменти да успее да покаже поголем прагматизам во пристапот кон самото прашање“ изјави Милошоски.

По посетата на Клинтон на Атина, американски дипломат за Дојче веле коментираше дека во иднина притисокот од американска страна ќе се насочи на властите во Скопје и ќе им се објаснува колку е значајно да се затвори спорот. „Ги охрабруваме двете страни во овој процес, бидејќи време е конечно да се погрижат за решение“, забележа дипломатот.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM