1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На самитот во Букурешт НАТО притисна на кочницата

Бернд Ригерт 6 април 2008

Наспроти најавите пред самитот, Алијансата не ги отвори вратите толку колку што си посакуваше - смета Бернд Ригерт во следниот коментар.

https://p.dw.com/p/DccL
Рускиот Претесдател Владимир Путин на самитот во Букурешт, на заседанието на Советот НАТО-РусијаФотографија: AP

Големиот самит на проширување, како што си посакуваа водечките личности во НАТО и многу источно европски земји, падна во вода. Германија и Франција им ги поматија сметките на САД. Кандидатите Украина и Грузија останаа во собата за чекање. Конфликтот меѓу САД и западно - европските сојузници јавно се изнесе на самитот. Тоа е ново во НАТО, на неговите самити до сега, веќе претходно се знеа одлуките и се течеше по претходно подготвено сценарио.

Буш имаше големи планови, но...

Американскиот претседател со неговата речиси мисионерска воља за проширување овојпат се соочи со сериозни пречки. Невообичаено на средбата во Букурешт беше и тоа што 26-те земји членки не беа способни да издејствуваат компромис меѓу Грција и Македонија околу бизарниот спорот за името на Македонија. Затоа во НАТО можеше да се поканат само Хрватска и Албанија. И во овој случај на Џорџ Буш не му успеа да и се спротивстави на Грција.


Спорот со името со Македонија повеќе може да се оцени како несреќен случај. Општата подготвеност на НАТО за прием на балканските земји во заедницата не се промени и тоа е добро. На Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија им беше дадена јасна перспектива, но уште колку ќе трае додека седнат на масата на НАТО, сеуште не се знае.

Изненадување на линија Париз - Берлин

Самитот изненади со ново заживеаната соработка меѓу канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози. Очигледно дека тие акцентите во НАТО сакаат да ги пренасочат во правец на Европа. Француското враќање во веоната командна структура на НАТО во наредната година одговора на оваа стратегија. Сега зависи од тоа кој ќе дојде во Белата куќа и какво место ќе заземе во Алиајнсата.

Претерано самоуверениот настапот на рускиот претседател Владимир Путин во последните години на неговата нео- националистчка надворешна полтика постигна зачудувавачки големо влијание врз НАТО. Проширувањето во Украина и Грузија пред се беше одложено поради забелешките од страна на Русија, ова не можеше да го прикрие ниту демантот на канцеларката Меркел. Во однос стратешкиот ракетен одбрамбен систем, што се разбира за Русија воено погледнато не претставува закана, Кремљ преку рамковен договор со САД успеа да си обезбеди право за збор. Но и покрај сите вербални напади, НАТО и Русија соработуваат во практичните работи.

Важна тема: Авганистан

За агажмнот во Авганистан кој почна во 2001 година, НАТО во Букурешт за прв пат дебатираше за повлекување. Конечно се поставија критариуми според кои ќе се утврди кога мултинационалните трупи во Авганистан ќе им ја предадат контролата на Авганистанците. Но краткорочно погледнато НАТО ќе мора да испрати уште повеќе трупи во Авганистан , за да ја има под котрола безбедносната ситуација. По ова прашање најдоцна на есен повторно ќе се испрати барање до Германците. Дебатата за поголема улога на Бундесверот во Авганистан канцеларката Меркел во Букурешт вешто ја избегна, но долгорочно погледнато таа нема да може да се одбегне.