Јункер: Грција нема да ја напушти еврозоната Виена
18 август 2012Реклама
Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер изјави дека Грција нема да ја напушти еврозоната, нагласувајќи оти евентуалното излегување од заедничката монетарна унија ќе доведе до непредвидливи ризици.
„ Тоа нема да се случи, освен во случај Грција да ги наруши сите услови и да не ги почитува спогодбите“, рече Јункер во интервју за австрискиот весник „Тиролер тагесцајтунг“.
Според Јункер Грција двојно ќе ги зголеми напорите за да ги постигне целите, поради што нема да има причина за применување н сценариото за излегување.
Тој додаде дека евентуалното излегување ќе биде „технички можно, но не и политички остварливо“