1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

„Јас сум Џулијан Асанж!“

7 февруари 2020

Еминентни личности од политиката и медиумите бараат итно ослободување на основачот на Викилис од британскиот затвор. Нивниот апел треба да биде поддржан не само од новинарите, смета Марсел Фирстенау.

https://p.dw.com/p/3XOky
Freilassung von Wikileaks-Gründer Julian Assange gefordert
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas

Без Џулијан Асанж, сликата за бесконечната војна во Авганистан би била посиромашна за многу аспекти, пред сè државно-предизвикани и неподносливо тривијализирани. Од 2010 година, светот знае повеќе за мизеријата, нечовечноста и лицемерноста на оваа кампања предводена од САД. Во тоа време, десетици илјади тајни воени и разузнавачки документи беа објавени на разотркивачката платформа Викиликс. Џулијан Асанж е основач на овој истражувачки интернет медиум.

Оттогаш, новинарите од целиот свет профитираат од неговата идеја. Тие можат да се поврзат побрзо и подобро од кога било за да се открие нетранспарентното, нелегалното, па дури и криминалното однесување на политичките и економските елити. Јасно е дека моќните во владините и корпоративните централи се плашат од ова. И, тие исто така треба да бидат во можност да се одбранат - но молам, користејќи фер средства и методи. Но, за такво нешто во борбата против Џулијан Асанж одамна не може ниту да стане збор.

Трамп стави настрана скрупулите на Обама

Уште за време на администрацијата американскиот претседател Барак Обама, 48-годишниот Асанж мораше да смета на најлошото затоа што во очите на добитникот на Нобеловата награда за мир тој е државен предавник, а не борец за слобода на печатот. За среќа, скрупулите во Вашингтон во неговото време беа поголеми отколку што се денес. Причината за откажувањето од покренување обвинение против Асанж беше образложувано со тоа дека требаа да бидат покренати обвинанија и против  медиуми како „Гардијан“ или „Њујорк Тајмс“. Затоа што тие, исто така, секогаш одново објавуваат тајни документи.

Повеќе:

-Асанж мора една година во затвор

-Апсењето на Асанж е опасен преседан

-Џулијан Асанж: Пет години самотија

Под републиканскиот наследник на Обама, Доналд Трамп, листот конечно беше свртен на штета на Асанж. Тој беше официјално обвинет во април 2019 година, а претседателот на САД побара негова екстрадиција од Велика Британија во јуни. За ова треба да биде одлучено на судскиот претрес од 24 февруари. Проблемот е во тоа што Асанж од неговото апсење се наоѓа во изолациски затвор и, според Обединетите нации, ги има сите симптоми „кои се типични за жртви на долготрајна ментална тортура“. Тоа не го вели кој било, туку специјалниот известувач за тортура на ОН, Нилс Мелцер. Поради здравствени причини, Асанж во моментов воопшто не е во состојба да се подготви соодветно за судскиот претрес.

Deutsche Welle Marcel Fürstenau Kommentarbild ohne Mikrofon
Марсел Фирстенау, автор на коментаротФотографија: DW

Извештајот на Мелцер има голема тежина

Мелцер не го има измислено ваквиот наод, затоа што Швајцарецот заедно со негов тим лекари го посети Асанж во затворот уште во 2019 година. Тој веднаш го побара единственото исправно нешто: Асанж да биде ослободен поради медицински и законско-правни причини. Оттогаш поминаа осум месеци, без да се промени ниту трошка во нехуманиот третман на основачот на Викиликс.

Ова сега го налути и поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел. Социјалдемократот во Берлин пред претставници на меѓународниот печат упати ургентен апел до Велика Британија да го ослободи Асанж од екстрадицискиот затвор. Иницијативата за вакво нешто потекнува од најпознатиот германски  истражувачки новинар, Гинтер Валраф. За ова треба да му благодари нему, како и на првите 130 потписници на апелот, кој, меѓу другото, беше објавен и како платена реклама во влијателниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Криминализација на слободата на печатот

На Габриел, како што рече самиот, прво му паѓало тешко да ја потпише жалбата. За среќа, тој се премислил по долгиот разговор со специјалниот известувач на ОН, Мелцер. Сега дури и Габриел зборува за тоа дека очигледно постојат „политички причини“ во случајот Асанж. Друг германски политичар отиде уште подалеку. Имено, некогашниот германски министер за внатрешни работи Герхарт Баум изјави дека слободата на печатот се „криминализира“. Овој стар либерал, инаку живеел како дете и тинејџер живеел во нацистичката ера во Германија. Му благодариме за овие јасни зборови! А, исто така, и на зборовите на многу други кои веќе се придружија кон апелот или, да се надеваме, допрва ќе се придружат. Како граѓанин и новинар, за мене не може да има ниту најмал сомнеж што треба да се направи во актуелниов момент - затоа: „Јас сум Џулијан Асанж!"