1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јанева очекува СЈО да продолжи со работа

Костадин Делимитов
22 мај 2017

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска најави три нови истраги „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“. Очекува СЈО да продолжи со работа

https://p.dw.com/p/2dN4B
Katica Janeva
Фотографија: DW/F. Hofmann

Нови обвиненија и нови истраги кои произлегуваат од незаконски прислушуваните разговори, најави на денешната прес-конференција специјалната обвинителка Јанева. Таа побара од новото парламентарно мнозинство да го избрише членот 22 од законот за СЈО, и да пристапи кон измена на Законот за заштита на сведоци.

„Во претстојниот период ќе продолжиме со обвиненија и нови истраги. Ја уверувам јавноста дека СЈО ќе продолжи со работа сè додека не ги истражи сите разговори. Во однос за Монструм, Скопје 2014, Мартин Нешкоски, Диво Насeље, сè уште не сме во можност да ја информираме јавноста зашто се во предистражна постапка“, рече Јанева.

На денешната прес-конференција беа претставени три нови истраги „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“, од кои две се финансиски истраги, а една е за незаконска постапка за градење.
Со истрагата „Талир“ опфатени се водечки лица во, сега веќе, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече обвинителката Ленче Ристоска ќе се бара и замрзнување на имотот на партијата.