1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чиле: Цркви во пламен

СН/агенции
19 октомври 2020

Една година по почетокот на протестното движење во Чиле, повторно избувнаа безредија. Притоа во главниот град Сантијаго де Чиле запалени беа две цркви. Протестот, инаку започна мирно.

https://p.dw.com/p/3k7la
Santiago de Chile | Antiregierungsproteste Kirche in Flammen
Фотографија: Esteban Felix/AP Photo/picture alliance

Посебно погодена од безредијата веше црквата „Парокија де ла Асунсион“, чија кула се урна во пожарот. Станува збор за една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле.

Според извештаите на чилеанските медиуми,  запалена била и црквата „Сан Франциско де Борха“, која редовно се користи од страна на полицијата за церемонии. Според извештаите на новинските агенции, една од црквите била ограбена од маскирани лица.

На почеток беше мирно

Илјадници демонстранти првично се собраа мирно во плоштадот Италија, кој исто така е наречен и „Плоштад на достоинството“. Таму опуштено се пееше и танцуваше. Полицијата во чилеанскиот главен град претходно беше подготвена на голем ангажман со оглед на годишнината од социјалните протести.

Повеќе:

-Како до излез од кризата во Чиле?

-Вонредна состојба во главниот град на Чиле

-Фотографија на денот: „Војна“ во Чиле

Имено во октомври и во ноември 2019 година илјадници луѓе секојдневно излегуваа на улиците во Чиле барајќи подобар пристап до здравствена заштита и образование и откажување од неолибералниот економски систем.

Santiago de Chile | Antiregierungsproteste Kirche in Flammen
Фотографија: Esteban Felix/AP Photo/picture alliance

Протестите започнаа по зголемувањето на цените на билетите во локалниот јавен превоз. Повеќе од 30 лица беа убиени на собирите. Полицијата во Чиле се најде на удар на критик за нејзиното често брутално постапување.

Неодамна, протестите во оваа јужноамериканска земја повторно се засилија. На 25 октомври, Чилеанците ќе гласаат дали сакаат нов устав - ова беше едно од клучните барања на демонстрантите минатата година.  Актуелниот Устав од 1980 година потекнува од времето на диктатурата на генералот Аугусто Пиноче.