1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПатувањеГерманија

Хаос на аеродромите: На повидок нема нормализација

Лајла Абдала
20 јули 2022

Долго чекање, одложување и откажување на летови - ситуацијата на германските аеродроми ќе остане тензична во догледна иднина. Регрутирањето на персонал од Турција не напредува.

https://p.dw.com/p/4EO6F
Deutschland Flughafen Köln-Bonn Chaos Personal Wartezeiten
Фотографија: Christoph Hardt/Panama Pictures/picture alliance

Германските аеродромски оператори информираат за „стабилизација“ во услови наделумно хаотични тесни грла во делот на чекирањето патници и подготовка на багажот. „Воведените ад хок мерки даваат ефект“, го цитира весникот „Велт“ шефот на аеродромската асоцијација АДВ, Ралф Бајзел. „Сепак, не сме задоволни, сегашните услови не ги задоволуваат нашите барања“, изјави Бајзел за „Велт“. Според него, подобрувања може да се очекуваат дури од октомври. Тогаш главната сезона на патувања ќе биде завршена.

Сè уште нема апликации од Турција

Воведениот протокол за итни случаипредвидува привремено да бидат регрутирани до 2000 работници од Турција, кои би биле ангажирани при товарење на багажот. Според извештајот на „Велт“, одговорните органи за аеродромите во Франкфурт, Берлин, Минхен и Диселдорф сѐ уште немаат добиено барања од Турција. Само врз основа на тоа тие можат да ги спроведат таканаречените проверки на доверливост (ZÜP), кои се неопходни за работа на аеродромите. Проверките обично траат неколку недели.

Поради наближувачкиот бран на патувања, воздухопловната бранша бара од властите да го спроведат проверките што е можно побрзо откако ќе пристигнат апликациите од Турција. Обработката тешко може да се поедностави или забрза, наведуваат одговорните воздухопловни власти.

И натаму хаос на германските аеродроми

Почеток на распустот и во други покраини

Претстојниов викенд ќе започне летниот распуст и во неколку други германски покраини. Причината за тесните грла кои траат со недели, а кои во слична форма се појавуваат и во други земји, е делумно сериозниот недостиг на персонал. Многу аеродроми и авиокомпании отпуштија дел од персоналот како резултат на намалената побарувачка поради глобалните ограничувања за патување. Од почетокот на пандемијата, бројот на вработени е намален за околу 7.200, сопшти Институтот за германска економија (IW).

- повеќе: Германската влада планира олеснет влез за странски работници и во гастрономијата

Сега намалениот персонал не може да држи чекор со ненадејното зголемување на побарувачката за патувања. Важни раскрсници, како што е аеродромот во Франкфурт, веќе мораа да го намалат бројот на места за полетување и слетување. Авиокомпаниите, како Луфтханза, го намалија бројот на летови.