1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Литература

Љубовта кон читањето

СН/ агенции
23 април 2019

Од 1995 година секој 23 април вљубениците во пишаната реч во преку 100 земји го прославуваат „Светскиот ден на книгата“ на УНЕСКО.

https://p.dw.com/p/3HFcM
Symbolbild Literatur Lieblingsbuch
Фотографија: ullstein bild - Wodicka

Датумот избран за Светски ден на книгата влече корени од една каталонска традиција. За празникот свети Жорди во Каталонија се подаруваат рози и книги. Покрај тоа на 23 април починале и легендарните писатели Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес. Во Германија во прославата на Светскиот ден на книгата се вклучени преку 3500 книжарници, илјадници библиотеки и училишта. Насекаде во земјата се одржуваат приредби и манифестации за поттикнување на љубовта кон читањето. Преку еден милион ученици згора на тоа денеска за подарок ќе добијат книга.